ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ

1990 - 2000

Отворање на Театарот за деца и младинци

Театарот за деца и младинци Скопје е првата и засега единствена државна театарска установа која се бави со создавање на театар за младите. Основан е на 02.02.1990г., но за роденден на театарот се смета 25ти март, датумот кога во 1990г. се случила првата премиера во истиот – премиерата за претставата „Чудовиштата во нашиот град“ во режија на Коле Ангеловски. Свеченото отворање било поддржано од голем дел на македонската уметност. Порака напишана од познатиот наш писател Видео Подгорец, напишана специјално за отворањето на театарот, летала со балон над Скопје, македонската култна актерка Милица Стојанова ја прочитала пораката наменета за децата итн.

Театарот инаку се состои од три сцени: Детска, Младинска и Куклена. За жал, поголемиот дел од 90тите го поминал во наоѓање соодветни услови за работа. Еден пример за тоа е честото менување на својата локација. За помалку од десет години, Театарот за деца и младинци променил три локации – започнува во Универзална Сала, потоа одреден период поминува во „Салон 19, 19“, за на крај да се премести на својата денешна локација, во просторите на поранешно „Кино Центар“. Но и покрај тешката ситуација, Театарот за деца и младинци се има изборено и има создадено повеќе претстави, меѓу кои и неколку наменети за Куклената сцена.

„Силјан штркот шанца“ и почетокот на Куклената сцена

Поради недоволно добрите услови, Куклената сцена при Театарот за деца и младинци своето отворање го добива повеќе од една година по отворањето на самиот театар, односно во април 1991г. Поради тоа што театарот тогаш сеуште немал сопствен ансамбл, биле најмени актери од Драмски театар и МНТ. Исто како и првата куклена претстава во МНТ во 1946г., текстот што се одбра е инспириран од „Силјан штркот шанца“, во верзија на тогаш младиот, а оттогаш неверојатно докажан писател Дејан Дуковски. Режијата била на Драгослав Тодоровиќ од Србија, а посебен консултант за водење на куклите бил Анте Хркач од Босна и Херцеговина. Адаптацијата на текстот и режијата биле концептуализирани кон повозрасната публика, што е доказ дека куклениот театар е за гледачи кон сите возрасти. За жал, тоа претставувало и мал пропуст на претставата, бидејќи била на моменти несфатлива за најмладите гледачи. Сепак, како што Љубиша Никодиновски-Биш констатира во својата рецензија за претставата, прекрасно е што „куклите се повторно меѓу нас“. Претставата добила позитивни критики, особено во однос на драматургијата.

„Зрното грашок и принцезата“ и првиот поголем успех

Речиси две години по премиерата на „Силјан штркот шанца“, на 24.02.1993г. македонската публика имала шанса да погледне нова претстава на Куклената сцена. Станува збор за камерната дуо-пиеса „Зрното грашок и принцезата“, драмска адаптација на доајенот на бугарскиот куклен театар Атанас Илков според светски познатата бајка „Принцезата на зрно грашок“. Една од првите режии на нашиот режисер Срѓан Јаникиевиќ, кој сеуште е студент по театарска режија на ФДУ периодот кога ја режира претставата. Претставата во 2021г. е сеуште на репертоарот, што ја прави најстара претстава на репертоарот на Театарот за деца и младинци, а воедно и една од најстарите претстави што сеуште се играат во Македонија.

Има повеќе причини за успехот на оваа претстава. Една од нив, како што веќе споменавме, е комбинацијата на драматург со огромно искуство во однос на пишувањето на текстови наменети за куклен театар со млад режисер. Друга причина е едно можеби дури и поважно дуо – Ангелина Атлагиќ и Горан Баланчевиќ од Белград, Србија. Атлагиќ, дотогаш веќе позната по својата изработка на кукли, сценографија и костимографија за куклен театар, се решава за употреба на повеќе видови кукли во „Зрното грашок и принцезата“, односно марионети, но исто така и тн. „целосни кукли“ каде што актерот-аниматор ги облекува куклите речиси како костим. Сценографијата, иако едноставна на прв поглед, е крајно ефективна, со мала сценичка на самата сцена, на која се играат дел од сцените со марионетите. Костимографијата е исто така соодветна со целокупната естетика на претставата. Баланчевиќ од друга страна, завршил одлична работа во обучување на актерското дуо – Изабела Новотни и Владимир Лазовски, во управувањето со куклите. Кога сме кај двајцата актери, важно е да се напомене дека е ова е прва куклена, а втора севкупно, театарска претстава во која кастингот е исклучиво од ансамблот на Театарот за деца и младинци, што е уште една од причините за успех.

Како што веќе споменавме, „Зрното грашок и принцезата“ е претставата која што е најдолго на репертоарот на Театарот за деца и младинци. Во меѓувреме има гостувано на огромен број фестивали за куклен театар, на кои ги има освоено следните награди:

  • ГРАН ПРИ за Најдобра театарска претстава во целина на Меѓународниот фестивал „Бурборак“ во Смолен, Бугарија 1994г.;
  • Награда за Најдобри кукли и костими на Меѓународниот куклен фестивал на мали форми во Крагујевац, Србија 1995г.;
  • Награда за Најдобро естетско обликување на претставата на Меѓународниот фестивал на театри за деца во Суботица, Србија 1996г.;
  • Награда за Најдобри кукли, костими и сценографија на Интернационалниот фестивал на марионетска уметност за деца во Прага, Чешка Република 1998г.

Освен гостувањата на фестивали за куклен театар, првата претстава од Театарот за деца и младинци која добила награда, гостувала по многу театри низ повеќе земји низ светов (дел од нив се Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Италија, Турција…) и до ден денешен го држи рекордот во Театарот за деца и младинци за претстава со најмногу гостувања во земјава и странство. На сите овие гостувања, „Зрното грашок и принцезата“ ги има воодушевувано подеднакво и публиката и театарските критичари. Пример за тоа се објавените статии за претставите во угледни театарски списанија, како што е бугарскиот весник „168 часа“ во кои претставата добива највисоки оценки во рецензиите, а можеби може и да се каже дека оваа претстава ги направи Новотни и Лазовски главни актери во Театарот за деца и младинци.

Меѓутоа, многубројните награди и признанија во земјава и странство, не направија екипата на „Зрното грашок и принцезата“ да ја заборави својата главна цел. Доказ за тоа е фактот што само до 1997г. претставата е изиграна над 150 пати во градинките ширум Македонија за деца постари од четири години (кој е официјалниот рејтинг на претставата), и со тоа допре до срцата до огромен број од најмладите гледачи.

Следните куклени претстави и воведувањето на нови форми во македонскиот куклен театар (1993 – 1994)

Само неколку месеци по успехот на „Зрното грашок и принцезата“, Театарот за деца и младинци стапи во првата од многуте натамошни соработки со еден од најпознатите бугарски режисери на куклен театар, а понатаму и професор на Катедрата за Актерска игра со кукларство на НАТФИЗ Софија – Боњо Лунгов. Иако тој во Театарот за деца и младинци поставува музичко кабаре наречено „Спомени во ноќта“, тој, заедно со неговиот куклар и сценограф Радослав Рачев, исто од соседна Бугарија, се решаваат да постават огромен број на кукли во минијатура, но и кукли во огромна големина по сцената, кои што актерите ќе ги играат во тек на претставата, со што во Македонија за првпат се воведува играњето на т.н. „просторна кукла“, концепт што потоа се презема во повеќе куклени, но и класични театарски претстави. Премиерата на „Спомени во ноќта“ се оддржала на отворено, во Куршумли ан, во рамките на Скопско културно лето ’93, на 14.07.1993г., а натамошните изведби биле на Младинската сцена во Театарот за деца и младинци, чија тогашна локација сеуште била Универзалната сала.

На почетокот на следната година, или поточно на 25.02.1994г., во Театарот за деца и младинци се случува првата премиера на комбинирана претстава, односно претстава која вклучува и актери-аниматори кои водат кукли, но и т.н. „живи“ актери и претставува популарен метод за комбинирање на класичниот и куклениот театар во светот уште од 70тите. Делото кое се реализираше на сцена е „Пинокио“ од Стефан Пешиќ, инспирирана од популарниот роман од Колоди. И овојпат Театарот за деца и младини соработувал со гости од Балканот, односно со екипа од Белград, која ја сочинувале режисерката Мелита Бихали, сценографот Миодраг Табачки, композиторот Зоран Христиќ кој има соработувано во дел од другите македонски театри и претходно, и можеби најисчекуваниот член, Ангелина Атлагиќ како куклар и костимограф, која се врати на повторна соработка со Театарот за деца и младинци само една година по нивниот заеднички успех со “Зрното грашок и принцезата“. Атлагиќ, за потребите на претставата, креирала два вида на кукли кои актерите ќе ги оживеат на сцена – и тоа Гињол кукли и марионети. Во актерската екипа немало ниедно гостување на актер од друг театар, а играле сите членови на тогашниот ансамбл на театарот – Ана Костовска, Драган Довлев, Изабела Новотни, Предраг Павловски, Марија Новак, Владимир Лазовски и Тања Кочовска во главната улога на Пинокио, кој е игран како марионета. Претставата се здобила со позитивни критики, особено за своите достигнувања во областа на костимографијата и сценографијата.

Атлагиќ не е единствената која се вратила на повторна соработка со Театарот за деца и младинци во 1994г. Точно една година по премиерата на „Спомени во ноќта“, дуото од Бугарија – режисерот Боњо Лунгов и кукларот и сценограф Радослав Рачев, исто во рамките на Скопско културно лето, премиерно го прикажуваат куклениот балет „Како сон“ работен на музиката на легендарниот европски композитор Чајковски за балетот „Оревокршачка“. Иако презентиран на Младинската, а не на Куклената сцена во театарот, она што најмногу ја воодушевило публиката било токму мајсторството на Рачев во однос на кукларството. Прецизноста и креативноста која што била вложена во креирањето на куклите, но и на сценографијата на Рачев не оставила никого рамнодушен. Но другата, можеби уште поважна работа за оваа куклена балетска претстава, е играта со светло и сенки, што е прва претстава од овој тип во Театарот за деца и младинци, отворајќи ја можноста за современ куклен театар на сенки во Македонија.

„Малиот принц“, организација на V Балкански куклен фестивал и наредните куклени театарски претстави (1995 – 1997)

На 14.07.1995г., точно една година по премиерата на „Како сон“, односно две години од премиерата „Спомени во ноќта“, Боњо Лунгов се врати со трета премиера во Театарот за деца и младинци, за претставата „Малиот принц“, култниот текст на Антоан де сент Егзипери. Освен режијата, Лунгов ги има направено драматизацијата на текстот и музичката илустрација, а овој пат, наместо со Рачев, бил придружуван од Марина Иванова (Бугарија) која ги има изработено куклите, костимографијата и сценографијата за претставата. По неколкуте експерименти, Лунгов овојпат се решил да постави чиста куклена претстава, воедно првата во рамките на Театарот за деца и младинци по успешната „Зрното грашок и принцезата“. Овој потег се покажал како правилен, и претставата брзо ги освоила симпатиите на најмладите. Слично како во „Пинокио“, целиот тогашен ансамбл на Театарот за деца и младинци играл во претставата, и сите се здобиле со позитивни критики за нивната интерпретација преку кукли. Особено впечатлив бил актерот Драган Довлев во анимацијата на куклата на главниот лик – Малиот Принц, и две години по премиерата, за оваа улога тој се добил со Актерска награда за најдобра анимација на кукла на Меѓународниот фестивал на театри за деца во Суботица, Србија во 1997г. Инаку, ова е една од првите претстави кои се изведувале во втората локација на Театарот за деца и младинци, односно „Салон 19, 19“ во Театар „Центар“.

И покрај проблемите со постојан простор, Театарот за деца и младинци во 1996г. успева да го организира V Балкански куклен фестивал. На фестивалот учествувале само неколку гостински театри, повеќето во Театар „Центар“, и на истиот најверојатно недостигал гламурот што се очекува од еден театарски фестивал, но со својата посветеност и желбата на најмладите за куклен театар биле доволни за истиот да ја оствари својата цел – куклени театарски трупи кои ќе ги збогатат срцата на децата, но и на сите оние кои едноставно се љубители на куклениот театар.

Истовремено со организацијата на Балканскиот куклен фестивал, Театарот за деца и младинци подготвува повеќе театарски претстави, меѓу кои и две куклени. Играни на различни локации низ Скопје, она што им недостигало во однос на финансии и „кров на глава“ било надоместено со желба да им се удоволи на театарските потреби на најмладите. И двете куклени претстави подготвени овој период биле наменети за деца од претшколска возраст. Првата, „Снежана и седумте џуџиња“ од Браќата Грим во 1995г., во режија и драматизација на Петар Пашов, со оригинална музика од Петар Радевски, а костимографија, сценографија и изработка на кукли на Силва Бачварова од Бугарија, се има покажано како особен хит кај најмладите и сеуште се наоѓа на репертоарот на Театарот за деца и младинци во 2021г. Во оваа претстава учествуваат тројца актери од ансамблот на театарот – Изабела Новотни во улогата на Снежана, Предраг Павловски како Ловецот и Владимир Лазовски во улога на Кралицата. Куклите на седумте џуџиња се анимирани од секој од тројцата актери во различни периоди од претставата. Другата претстава го означува повторното враќање на Боњо Лунгов, „Светлосиното куче Петар“ од унгарскиот писател Урбан Ѓула. Претставата потсетува на „Зрното грашок и принцезата“ во својот камерен израз, или во формата на амбулантски, мобилен театар, како што театарскиот критичар Иван Ивановски во својата книга „Куклениот театар во Македонија и светот“. Важното за оваа претстава е дека својата премиера ја има на 18.04.1997г. во една од скопските градинки, со што Театарот за деца и младинци уште еднаш докажува дека секогаш е тука за потребите на најмладите и покрај на немањето на соодветен простор и финансиски средства. Иако набргу тоа се менува, бидејќи во времето на играњето на „Светлосиното куче Петар“ веќе е во подготовка реновирањето на просториите на поранешно „Кино Вардар“ за приспособување на театарски простор, односно за потребите на Театарот за деца и младинци.

X