ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ

2010 - 2020

Куклени претстави  од  2010 до 2019

Список на куклените претстави поставени во Македонија во изминатата декада, како и културните настани поврзани со куклен театар, со дел од рецензиите и објавите во медиуми од истите, и/или лични текстови на авторот на статијата. Списокот е нецелосен и допрва ќе се надополнува, со цел на читателите да им овозможиме вистински да обрнат внимание на сите македонски куклени претстави поставени во последниов период

Отварање на првиот детски театарски фестивал „Силјан Штркот“

Со претставата за деца „Црвенкапа“ во адаптација на Сашо Димоски, а во режија на Деан Дамјановски  во Јуни 2019 во тетатарот Војдан Чернодрински започна  детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“. Првиот театарски детски фестивал за отворен го прогласил градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, истакнувајќи дека идејата за реализација на овој фестивал потекна од Здружението на граѓани “Мал театар – Прилеп“, со цел да се промовира театарската уметност и културните вредности кај најмладата публика.

Покрај неа на  детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“ биле одиграни и „Малиот Принц“ на Театарот на Сенки и облаци од Скопје, „Заборавените кукли“  од Театар Битола, Грдото пајче“ од Театар за деца и младинци Скопје.

Во 2020 на Летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, по втор пат се кренала завесата на театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот”. Во трите фестивалски денови, најмладата публика имала можност да проследи три претстави: „Кралица на музиката”, „Алиса во земјата на чудата” и „Дружината на Лајко Сезнајко”.

Фестивалот за отворен го прогласил повторно градоначалникот Илија Јованоски. Нагласувајќи ги специфичните услови во кој фестивалот се одржувал, а имајќи ја притоа во предвид пандемијата со Ковид-19, градоначалникот Јованоски изразил надеж дека тоа сепак нема да влијае на квалитетот на претставите и дека публиката ќе ужива во текот на трите фестивалски денови. Посакувајќи им успешен фестивал на организаторите, тој им посака веќе од следната година, фестивалот да прерасне во меѓународен.

Организаторите повторно истакнале дека фестивалот има за цел да ја развие имагинацијата, креативност и фантазијата кај децата и, воедно, да ги научат за важноста и значењето на културата и уметноста.

Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ бил поддржан од Општина Прилеп и Министерството за култура.

Претставата „Могли“ повторно изиграна на 25.07.2014 во Театарот за деца и младинци Скопје

МОГЛИ е претстава работена по мотивите на КНИГА ЗА ЏУНГЛАТА од Радјард Киплинг, а во адаптација и драматизација на Маја Енчева и Боњо Лунгов, кој пак е и режисер на претставата. Овој наслов е веќе еднаш поставен на репертоарот на театар и тоа од истиот режисер и авторска екипа. Тогашната постановка на МОГЛИ имала своја премиера на 06. 03 1999 година. Одзивот кај публиката и успехот што го забележа таа претстава беа неочекувано големи, огромни.

За жал, таа претстава се играше едвај нецела година, само до 20. 02 2000 година, кога токму на тој датум беше одложена токму таа претстава, заради трагичната, мистериозната и прерана смрт на Игор Маџиров, кој ја играше насловната улога во, според многумина најдобрата претстава на нашиот театар. Токму затоа целата екипа што работела на овој проект и целиот колектив на Н.У. Театар за Деца и Младинци ја посветува оваа претстава на никогаш заборавениот Игор Маџиров, нашиот најоригинален Могли.

Воопшто не потценувајќи ги сите, сепак треба да се издвојат професионалноста, подготвеноста, упорноста и прецизноста на новиот Могли, актерот Мартин Јорданоски. Големата желба, талентот, знаењето и неуморната работа на останатите актери само ја дополнуваат прекрасната слика наречена МОГЛИ. Еве ги нивните имиња – Татјана П. Кочовска, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Марија Ѓорѓијовска, Предраг Павловски, Мики Анчевски и Ненад Митевски. Честитки за одлично сработената работа до сите.

Асистенти биле Маја Енчева и Константин Каракостов. Сценографија била на Хана Шварц дедека музиката на Константин Каракостов.

Со претставата ,,Тоби" на 04.04.2018 за прв пат прикажани кукли во оригинална големина

„Тоби“ по текст на Флоријан Зденек, а во режија и адаптација на текст на  Драгослав Тодоровиќ. Каде што играат Марија Ѓорѓиевска, Катерина Илевска Силјановска, Винета Дамческа, Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски. Креацијата на кукли, сценографијата и костимите се на Ирина Сомборац. Композитор е Виктор Апостоловски. Видеото  анимација е на Емил Петров, а преводот на текстот го има направено Драгана Лукан Николоски.

Станува збор за специфична претстава мотивирана од чисти и хумани сфаќања, во која на 04.04.2018 година за прв пат се прикажале кукли направени во оригинална големина, нешто што досега го немало кај нас.

На режисерот Драгослав Тодоровиќ ова не му е прв пат да соработува со Театарот за деца и младинци, и има изјавено дека му е задоволство му е да соработува со него. Тој за текстот на претставата рече дека е интересен и за мали деца, но и за адолесценти.

Марија Ѓорѓијовска ја игра улогата на кучето Тоби кое не е задоволно од својот изглед, но на крајот ќе сфати дека најубаво е да бидеш тоа што си.

Во претставата „Тоби“ се читаат и откриваат навистина сеуште актуелни проблеми кај луѓето, како што се необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, и дискриминација по најразлични основи, а пораката на претставата е дека најважно е ние самите да бидеме среќни и да се прифатиме онакви какви што сме и сето она што имаме да го понудиме на овој свет. Претставата се врати со Награда за најдобра анимација на кукли од Десеттото Бугојанско куклено биенале во Босна и Херцеговина. Жири комисијата на фестивалот ја додели наградата за одличната актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

Сцена од куклената претстава „Тоби“ со Марија Ѓорѓијовска и Катарина Илиевска-Силјановска. (Фото: ТДМ)

,,Бескрајни соништа" на 25.03.2010 од Боњо Лунгов во Театарот за деца и младинци - Скопје

Во оваа претстава, чија цел била да се обележи 20-годишниот јубилеј на ТДМ, се прикажувале сите видови  и типови на кукли. Наградена на Суботичкиот фестивал ЛУТФЕСТ со престижната Награда за оригиналност и фантазија.. Играат:Тања Кочовска, Ана Левајковиќ Бошков, Драган Довлев, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Марија Ѓорѓијовска, Наташа Петровиќ, Мики Анчевски, Ненад Митевски и Мартин Јорданоски. Боњо Лунгов, освен како режисер се јавува и како сценографи и автор на куклите. Асистенти на режија биле Маја Енчева и Константин Каракостов, за костимографијата се погрижила Маја Енчева, изборот на музика и кореографијата бил на Константин Каракостов, а преводот на текстот го направил Томислав Османи.

„Калифот Штрк“ од Вилхелм Хауф во режија на Дарко Ковачевски во април 2013 година во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Во април 2013 година во Прилеп претставата со марионети е прва во ансамблот и прилепските актери за првпат работеле на ваков театарски израз.

– Актерите, заедно со композиторот, ќе ги оживеат куклите на конци на сцената и ќе ја раскажат приказната за едно дете кое треба да порасне и е принуден да стане достоен калиф –  изјавил режисерот Ковачевски. Тој дипломирал Режија на претстави за кукли во Софија и режирал во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка.

Во претставата играле Владимир Ѓорѓијоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Музиката е била на Владимир Џамбазов од Софија, а сценографијата на Надја Василева.

Куклената претстава „Принцезата и гускарот“ во Велешкиот театар во 2013 година

Во Велешкиот театар во 2013та година била одиграна претставата  „Принцезата и гускарот“ по мотивите на истоимената прикаска од  Вилхелм Хауф  а во режија на   тетовецот Дарко Ковачовски.  Овој тип на претстави со кукли марионети,  водени од дистанца преку водач и конец, прв пат се одиграле  во велешкиот театар од неговото обновување. Се играле до 60-тите години на минатиот век, оттогаш ги немало на репертоарот.

Текстот  на  ,, Принцезата и гускарот,,  е многу сличен со „Свињарот“ од Ханс Кристијан  Андерсен, така приказните секогаш се надополнуваат и пренесуваат.  За мене беше голем предизвик да се создаде драматизација на оваа приказна, која е пишувана во романтичен стил.  Голема чест  е што работам со овие актери, кои прават чекор напред во однос на тоа што досега го работеле, оти нивната енергија ја пренесуваат на куклата. Тие сега, во текот на подготовките на претставата согоруваат, за утре, кога ќе биде премиерата, да светнат. Овие претстави се ретки, затоа што се доста захтевни, понапорни, имаат повисок критериум за работа – вели режисерот Дарко Ковачевски. 

Тој дипломирал  режија во класата на професорот Слободан Унковски, потоа во Софија дипломирал Куклена режија.  Заедно со неговата сопруга  Надја Василева Ковачевска која е сценограф магистер по  Кукларски технологии,  десетина години се занимаваат со кукларство. Тие  имаат  ателје и работата исклучиво ваков вид  театарски претстави.

Во претставата настапувале: Кети Борисовска,  Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Марија Стефановска.  Според Јордан Витанов, тогашниот директор на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ целта  со поставувањето на оваа претстава е обраќање кон најмладата публика, која има потреба од  куклени претстави.

Куклен театар за децата во „Кочо Рацин“ на 10.11.2015 година

Во рамките на програмата по македонски јазик, учениците од основното училиште „Кочо Рацин“, но учениците од другите училишта во подрачјето, имале можност да ја погледнат претставата „Куклите свират и играат – марионети“.

КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА ОД ПРВАЧИЊА

Во март 2015г. во основното училиште „Добре Јованоски“ учениците сами направиле куклена претстава по текст на драмата „Изгубената кукла“.

Палечка, малечка – интерактивна куклена претстава во јули 2016 година

Крилата растат само кога ќе се сретне вистинскиот принц. Потрагата по принцот е исцрпувачка активност, која вклучува садење цвеќе, мечтаење, зуење, трчање, скокање и слично. Помогнете и на Палечка да го пронајде вистинскиот принц, којзнае, можеби и вам ќе ви пораснат крила.

Сценарио, режија-Милиана Ленак

По мотиви од-Х.Ц.Андерсен

Играат-Симона Спировска, Бојан Кирковски

Виолончело-Тамара Тодоровска

Сценографија-Јан Тереба

Кукли-Милиана Ленак

Анимација-Бара Ана Стејскалова

Деца во видеото-Моира, Јосефина, Лајка, Вилен

Звук и видео-Филип Митров

Цртеж на постер-Моира Ленак

Дизајн на постер-Ивана Иванова Милчиновска

Струмичкиот народен театар на 22 Октомври 2016 година со премиера на „Кучето со боја на небо“, на режисерот и драматург Дарко Ковачовски

Приказната инспирирана од стар текст на Ѓула Урбан насловена како „Синиот Петар“, но овојпат со акцент на кучето.

„Куклениот театар е апотеоза, затоа што пред актерот стои кукла. Тоа не значи дека нема актер, туку напротив има актер и тоа многу квалитетен. Тој мора да мисли брзо, да работи брзо, да реагира брзо и брзо да ја поминува рампата кон гледачот. Подготвивме динамична брза претстава, на граница со фантастичното. Во неа во соживот живеат полицаецот, морнарот и госпоѓа Кети како реални ликови и кучето и мачето од друга страна“ – објасни режисерот Ковачовски.

Според актерот Стојан Велков Трн, работата на куклени детски претстави е вистински предизвик.

„Ова е моја втора куклена претстава. И првата беше исто на режисерот Ковачевски, тоа беше „Јованче и Марика“. И тоа беше друг систем на кукли со марионети, а овој се вика бумраку. Актерската и човечката љубопитност што јас како човек ја имам ме подига на друго ниво. Освен драмското искуство, љубопитен сум да видам како е да се работи и со кукли“ – рече актерот Стојан Велков Трн.

За актерот Коста Ангов, за кого ова е прво куклено искуство, работата на претставата му значи за актерскиот развој.

„Тргнавме од нула, зашто првпат работам со кукли на цела претстава. Тргнавме од учење чекори, гест, па на крај до фантастичен спој да ги оживееме овие кукли на сцената. За мене беше преголемо искуство, открив многу работи за себе и како човек и како актер“ – рече Ангов.

Костимограф, сценограф и дизајнот на кукли е дело на Надја Василева.

„Наш мал театар“ ОКТОМВРИ 2017 година во НУЦК “Бели мугри ” – Кочани

„Наш Мал Театар“ е проект кој се родил како идеја на двајца актери – Нина Максимова и Благојчо Стојанов (дипломирани актери на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје во класата на проф. Зоја Бузалковска).

Нивна фасцинација од мистиката на театарот на сенки започна уште во текот на студиите на ФДУ, кога се запознавале со еден од најстарите и најмистични форми на театар – Tурскиот театар на сенки „Караѓоз“.

 „Наш Мал Театар“ е всушност мало патување кон еден свет кој наликува на оној од соништата – каде што времето и просторот се измислени и минливи, каде се е можно и каде што се што може да се измисли – може и да постои.  Затоа, децата (или возрасните – сонувачи и деца по дух) најмногу уживаат во нашите претстави – затоа што нашиот перформанс кореспондира со нивната неограничена фантазија и имагинација.”

„Месечиново“ – куклена претстава во киното „Фросина“одиграна на 13ти декември 2018 година

На 13-ти декември во 19:15 часот на сцената на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје  оддржана е премиерата на куклената театарска претстава „Месечиново“ по текст, режија и во изведба на „Колектив Ветерница“.

„Месечиново“ е претстава која обединува куклен, физички и театар на сенки. Дејствието на претставата се одвива во едно магично место наречено Месечиново каде што живеат сите суштества на фантазијата наречени друѓе. Во тоа гратче е само ноќ и Месечината е неговиот заштитник. Кога Месечината е полна се одржува големиот панаѓур во нејзина чест, но кога е празна сите во Месечиново се кријат од најстрашното сениште – Кошмора. Јунаците од оваа сказна ќе успеат да го победат својот страв и да и се спротистават бидејќи само стравот нѐ спречува во остварувањето на нашите желби.

Улогите ги толкуваат Марија Бејкова, Ивана Нелковска, Билјана Митева, Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ. Куклите ги изработи Бруно Толиќ. Kостимографија е на Рената Димчов, а сценографијата на Велимир Жерновски. На реквизитите работела Сања Симоска додека пак изборот на музика бил на Ѓорѓи Јаневски.

Дизајнот на промотивниот материјал бил на Ангела Маневска, а анимација  од Вања Шереметкоски.

„Авантурите на Пинокио“, куклена претстава за деца на сцената на прилепскиот театар во јануари 2019 година

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 27 јануари со почеток во 12 часот во 2019 била изведена куклената претстава за деца „Авантурите на Пинокио“, работена според делото на Карло Колоди.

Драматизацијата за претставата била на режисерот Дарко Ковачовски и Надја Василева-Ковачовска, која била и автор на сценографијата, костимите, маските и куклите. Во претставата играле актерите: Јасмина М. Станкоска, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Наташа Ачански, а алтернација е Катерина Чакмакоска-Клинческа. Автор на музиката бил Томе Темелкоски, а преводот на текстот бил на Лидија Митовска-Ѓорѓиевска

„Приказни за ветерот и месечината“ премиерно на 8 декември 2019 година во тетатарот Војдан Чернодрински во Прилеп

Претстава во режија на Кирил Петрески според басните на Езоп, Лафонтен, Цепенков.

Александар Џинго ги изработил сценографијата и костимите, додека музиката била на Томе Темелкоски. Во неа играле: Наташа Ачански, Александар Тодески, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Михајло Миленкоски и Надица Ѓорѓијоска.

Куклена претстава “Ладна планета” Клаус филм Тирана Во декември 2019 година

Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево на 26.12.2019, во соработка со Клаус Филм Асосиејшн Тирана ја донесе куклената претстава „Ладна Планета“.

Клаус Филм Асосиејшн имат 12 години искуство во областа на уметноста во Албанија, особено во детските театарски претстави.

Претставата зборува за едно девојче по име Клеа, кое сака да лета високо на небото за да ги види ѕвездите од близу. Сонот ја исполнува нејзината желба и таа успева да се искачи на рајот, но не ужива во тоа што го гледа. Таа е сама среде губетноста и почнува да се тресе не само од страв од осаменост, туку и од големиот студ. Во истиот момент кога изгуби надеж и стравот и влегува во коскената срж, таа се запознава со двајца жители на планета Хундецип, Ципкон и Ципкофреску.

Тие се две чудни деца кои играат низ игра и шеги за да ја растурат осаменоста и стравот на Клеа и малку да го загреат нејзиното срце. Откако се дружат, играат и се забавуваат, тие нејзе и ја раскажуваат својата приказна – тажна и смешна во рамките на обична човечка реалност. Фантазијата е доминантен елемент на ова дело. Неочекувани ситуации и околности ги прават овие ликови неверојатно шармантни и сакани од сите. Таму секој може да се види или да се најде.

,,Јованче и Марика" на 25.12.2019 година во режија на Давор Драгојевиќ

Автор : Браќата Грим

Играат : Катерина Илевска Силјановска,Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Ангела Димитрова

Драматизација на текстот :Дарко Ковачовски и Надја Василева

Сценографија и костимографија :Надја Василева

Композитор :Љупчо Мирковски

Наш Мал Театар 2016 година до денес

Наш Мал Театар постои од 2016 год. Идејата започна со многу мала конструкција на Театарска рамка, која потоа прерасна во поголема дрвена рамка, сето тоа рачно изработено, до детали. 
Наш Мал Театар има учествувано на неколку фестивали во земјава:
  • “Сонот на облачето” – Скопје, 2016
  • “Импакт” – Велес, 2016
  • “Малиот принц” – Штип, 2017
  • “ДАФ” – Кочани, 2018
  • “Арт Ареа” – Скопје, 2020
  • “Друга Приказна” – Скопје, 2020. 
Фигурите/куклите за претставите се рачно цртани и боени од Нина на хамер хартија, а потоа заедно со Благојчо, внимателно пластифицирани и обликувани, а на задниот дел е прилепена моделирана жица за управување и држење на фигурата/куклата. Првите фигури беа изработени од картон во комбинација со филтри во боја.
До сега, има направено 4 претстави со сенки  – “Заробената љубов” и “Девојчето со дрвото во портокаловото Кралство” кои се авторски текстови на Нина Максимова, и “Марко патува околу светот” и “Бурсунсул и Паскулина”, како и неколку видео проекти во соработка со Step By Step, достапни на YouTube.
Наш Мал Театар се роди како идеја на двајца актери – Нина Максимова – актерка во Кумановскиот театар и Благојчо Стојанов – актер во Велешкиот театар (дипломирани актери на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје). Нашата фасцинација од мистиката на театарот на сенки започна уште во текот на студиите на ФДУ, кога се запознавме со еден од најстарите и најмистични форми на театар – Tурскиот театар на сенки – Караѓос (Karagöz). Понесени од идејата да создаваме театарска магија позади белиот чаршаф, почнавме да креираме еден нов наш свет – експериментирајќи со изразот, конкретизирајќи го стилот, создавајќи уникатни приказни, и сето тоа со голема љубов и креативност. Наш Мал Театар е всушност мало патување во еден свет кој наликува на оној од соништата – каде што времето и просторот се измислени и минливи, каде се е можно и каде што се што може да се измисли – може и да постои. Затоа, децата (или возрасните – сонувачи и деца по дух) најмногу уживаат во нашите претстави – затоа што нашиот перформанс кореспондира со нивната неограничена фантазија и имагинација.

„Приказни за ветерот и месечината“ премиерно на 8 декември 2019 година во театарот Војдан Чернодрински - Прилеп

Претстава во режија на Кирил Петрески според басните на Езоп, Лафонтен, Цепенков.

Александар Џинго ги изработил сценографијата и костимите, додека музиката била на Томе Темелкоски. Во неа играле: Наташа Ачански, Александар Тодески, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Михајло Миленкоски и Надица Ѓорѓијоска.

Куклена претстава “Ладна планета” Клаус филм Тирана Во декември 2019 година

Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево на 26.12.2019, во соработка со Клаус Филм Асосиејшн Тирана ја донесе куклената претстава „Ладна Планета“.

Клаус Филм Асосиејшн имат 12 години искуство во областа на уметноста во Албанија, особено во детските театарски претстави.

Претставата зборува за едно девојче по име Клеа, кое сака да лета високо на небото за да ги види ѕвездите од близу. Сонот ја исполнува нејзината желба и таа успева да се искачи на рајот, но не ужива во тоа што го гледа. Таа е сама среде губетноста и почнува да се тресе не само од страв од осаменост, туку и од големиот студ. Во истиот момент кога изгуби надеж и стравот и влегува во коскената срж, таа се запознава со двајца жители на планета Хундецип, Ципкон и Ципкофреску.

Тие се две чудни деца кои играат низ игра и шеги за да ја растурат осаменоста и стравот на Клеа и малку да го загреат нејзиното срце. Откако се дружат, играат и се забавуваат, тие нејзе и ја раскажуваат својата приказна – тажна и смешна во рамките на обична човечка реалност. Фантазијата е доминантен елемент на ова дело. Неочекувани ситуации и околности ги прават овие ликови неверојатно шармантни и сакани од сите. Таму секој може да се види или да се најде.

,,Јованче и Марика" на 25.12.2019 година во режија на Давор Драгојевиќ

Автор : Браќата Грим

Играат : Катерина Илевска Силјановска,Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Ангела Димитрова

Драматизација на текстот: Дарко Ковачовски и Надја Василева

Сценографија и костимографија:Надја Василева

Композитор: Љупчо Мирковски

X