ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ

2000 - 2010

,,Македонска приказна " - Најпозната и најнаградувана претстава во Театарот за деца и младинци во Скопје

Со почетокот на новиот милениум почнуваат да се поставуваат и повеќе куклени претстави во Театарот за деца и младинци (ТДМ), но и во другите театри. На 23.06.2000г. се случува премиерата на претставата „Македонска приказна“ која ќе стане заштитен знак на ТДМ и има значаен придонес во етаблирањето на истиот како еден од најдобрите детски театри во регионот, но и пошироко. Во режија на веќе добро познатиот гостин во ТДМ, Боњо Лунгов и со дел од посветениот ансамбл на театарот, „Македонска приказна“ ги освоила публиката и критичарите од регионот.

Екипата на претставата е следната:

– Режија: Боњо Лунгов.

– Асистент на режија: Маја Енчева.

– Играат: Тања Кочовска, Ана Левајковиќ Бошков. Катерина Илиевска Силјановска,Владимир Лазовски и Предраг Павловски

– Автор на кукли: Боњо Лунгов

– Сценографија : Љубомир Чадиковски

– Музика: Драган Даутовски

Оваа претстава е воедно и убедливо најпозната и најнаградувана во ТДМ, има освоено 9 меѓународни награди од кој 3 се ГРАН ПРИ, односно награди за претстава во целина.

– ГРАН ПРИ награда за Претстава во целина на Меѓународниот фестивал на театри за деца во – Суботица, СР Југославија – 2000 година

– Награда за Колективна актерска игра на Меѓународниот фестивал на театри за деца во – Суботица, СР Југославија – 2000 година

– Специјална диплома на Меѓународниот фестивал на мали форми – Крагујевац, СР Југославија – 2001 година

– ГРАН ПРИ награда за Најдобра претстава во целина на 1виот Меѓународен фестивал на театри за деца – Бања Лука, Р. Српска – 2002 година

– Актерска награда за Татјана Павлоска Кочовска на 1виот Меѓународен фестивал на театри за деца – Бања Лука, Р. Српска – 2002 година

-ГРАН ПРИ за Најдобра претстава во целина на 8миот Интернационален Которски фестивал на театар за деца – Котор, Р. Црна Гора – 2005 година

– Награда за Режија за Боњо Лунгов на 8миот Интернационален Которски фестивал на театар за деца – Котор, Р. Црна Гора – 2005 година

– Награда за Колективна актерска игра на 2риот Меѓународен куклен фестивал Подгорица, Р. Црна Гора – 2013 година

– Награда за музика на Драган Даутовски на 2риот Меѓународен куклен фестивал Подгорица, Р. Црна Гора – 2013 година

Успеси на следните претстави на ТДМ во 2000тите

– „ЛАКОМАТА МЕЦА“ – Актерска награда за Владимир Лазовски на Меѓународниот куклен фестивал на мали форми – Крагујевац, СР Југославија – 2001 година

– „ЧУЧ, ЧУК, СТОЈАНЧЕ“ – Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска на 9тиот Меѓународен фестивал на театар за деца – Суботица, СР Југославија – 2002 година

– „ПАПАГАЛЧЕТО РИКИ“ – Специјална диплома за Владимир Лазовски на 6тиот Меѓународен куклен фестивал „Златна Искра“ – Крагујевац, Р. Србија и Црна Гора – 2004 година

– „КРАЛОТ КУСКУЛЕ ПРВИ“ – Актерска награда за Јасмина Мицовска на 12тиот Меѓународен фестивал на театар за деца – Суботица, Р. Србија и Црна Гора – 2005 година

– „КРАЛОТ КУСКУЛЕ ПРВИ“ – Актерска награда на Гокица Лукаревски на 14тиот Которски фестивал на театар за деца – Котор, Р. Црна Гора – 2006 година

– „ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ“ – Актерска награда за Владимир Лазовски на 18тиот Меѓународен куклен фестивал „Златна Искра“ – Крагујевац, Р. Србија – 2007 година

– „ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ“ – ГРАН ПРИ награда за најдобра претстава во целина на 15тиот Которски фестивал на театар за деца – Котор Р. Црна Гора – 2006 година

– „ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ“ – Актерска награда за Владимир Лазовски на 15тиот Которски фестивал на театар за деца – Котор Р. Црна Гора – 2006 година

– „ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ“ – награда за Костими за Александар Ношпал на 15тиот Которски фестивал на театар за деца – Котор Р. Црна Гора – 2006 година

– „ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ“ – ГРАН ПРИ награда за Најдобра претстава во целост на 7миот Европски куклен фестивал – Подградец, Р. Албанија – 2008 година

– „ТЕЛЕФОНОТ“ – ГРАН ПРИ награда за Претстава во целост на 16тиот Которски фестивал на театар за деца – Котор, Р. Црна Гора – 2006 година

– „ТЕЛЕФОНОТ“ – награда за Режија за Боњо Лунгов на 16тиот Которски фестивал на театар за деца – Котор, Р. Црна Гора – 2006 година

– „ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊА“ – ГРАН ПРИ награда за Претстава во целост на 18тиот Которски фестивал за деца – Котор, Р. Црна Гора – 2009 година

Куклена претстава за меѓуетничка толеранција - 19.12.2003 година

На 19.12.2003 бил направен ТЕАТАРСКИ ПРОЕКТ ЗА ДЕЦА со Куклената претстава “Волшебниот коњ”, проект на Детскиот театарски центар и “Потрага по заедничка основа”, во театарот “Центар”, во 11, 12 и 13 часот. Претставата била четиријазична, на македонски, ромски, албански и на турски јазик. – Наменета била за 300 деца од скопските училишта, по 100 на секоја изведба, на возраст од 7-9 години, која била најпогодна за да се влијае на ставовите на децата – чија што изјава ја дала Корнелија Ципушева од “Потрага по заедничка основа”.Текстот бил  на Никола Трајков, а режијата на Драган Довлев. Учествувале и студенти и веќе дипломирани актери од Факултетот за Драмски уметности, Санела Емин, Игор Ангелов, Маја Настевска, Џевдет Јашари, Насрин Таир и Зарије Јонузи. Целта на овој проект била преку куклениот театар, кој им е најблизок на децата, да се постигне меѓуетничка толеранција. Преку неа на децата им се понудил нов начин преку кој го согледале своето место во плуралистичкото општество. Претставата досега ја гледале повеќе од 3.000 деца во градовите: Куманово, К. Паланка, Битола, Штип, Кочани, Делчево, Струмица, Гевгелија, Струга, Тетово и Гостивар. Проектот бил финансиран од Европската агенција за реконструкција, која од 50 понудени проекти со иновативна идеја, избра пет. Текстот за претставата бил создаден по претходно истражување со деца, изведено од психолошко-педагошки тим.

Игор Маџиров (1969 - 2000)

Игор Маџиров, еден од најомилените македонски актери кај публиката, на 20ти Февруари 2000г., на само 30 години, трагично си го има одземено животот во околности кои сеуште не се разјаснети.

Влегува во актерските води на само 7 години, со улога во ТВ серијалот „Белото циганче“ во режија на Ацо Алексов, по текст на легендарниот македонски писател Видео Подгорец, набргу потоа продолжува да игра различни улоги во „Светот на бајките“. Познат по улоги во големи проекти како филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, сепак негова најпозната дејност секогаш бил театарот наменет за деца, и во Театарот за деца и младинци Скопје, од чиј ансамбл бил дел од 1993г. има изиграно над 500 изведби на различни претстави, и токму во тој ансамбл го игра ликот по кој македонската публика најмногу ќе го памети, ликот со кој скопските деца од 90тите се идентификуваа: Могли, детето од џунглата. Негова последна изведба во истиот е 101вата изведба на претставата „Убавицата и ѕверот“, само осум часа пред неговата смрт.

Во негова чест е снимен документарниот филм „Интервју за Игор – детето со црвена коса“.

X