ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ

Јужна Африка

Старото кукларство во Африка и неговото влијание врз Јужна Африка

Кукларството во стара Африка се користело (а во определени области на континентот и сеуште се користи) како дел од религиозните ритуали и обичаји. Во повеќето земји на афричко тло, културата на маски, фигурини, статуи и кукли е поразвиена од повеќето земји низ светот и носи во себе строги специфики за кои се потребни години за вистински да се разберат, но и естетика и уметничка вредност кои би го плениле човек без разлика од крајот на светот од кој доаѓа. Во сиот тој комплексен свет на бои, танци, маски и костими, еден мал, но битен дел биле куклените театарски претстави. Постојат докази за куклени претстави речиси секаде низ африканската територија, чија тематика била од религиозно значење и се изведувале како дел од ритуал, или пак на традиционалните карневали во градовите. Главна специфика на афричкото кукларство е специфичното, натприродно значење која што предметот, односно во случајов куклата, го поседува и верувањето дека преку куклата може да се долови значење од традиционален, религиозен или духовен контекст. Никаде во светот тоа верување за куклата не било толку раширено колку во земјите во Африка.

Јужноафричката Република, попозната како Јужна Африка, спаѓа во ова мнозинство земји во кои луѓето се бавеле со кукларство многу пред пристигнувањето на европските колонизатори. Во областите Гаутенг, Мпумаланга и планинскиот венец Кару пронајдени се папети и марионети кои се користеле за куклени претстави и перформанси, а датираат од време многу пред пристигнувањето на било кое европско влијание. Дел од нив вклучуваат марионети со стап со иреален хуманоиден изглед, на кои можела да се анимира главата. Други се дводимензионални марионети со жица на кои скоро секој зглоб може да се придвижи и кои речиси секогаш се користат како кукли за танц (иако денес определени куклари ги користат и за покомплексни задачи) и фигурини за ритуал за молитва за дожд во племето Ловеду – фигурини чии раце се прикачени за рамно дрво и во ритуалниот перформанс се искачуваат на истиот.

*Дводимензионални марионети користени во денешен контекст во Ј. Африка

Денес, повеќето од овие кукли се во приватни колекции на богати фамилии, а само дел се зачувани во музеите за културно богатство во Јужна Африка. Сепак јужноафричките куклари го зачувале своето наследство, и еден интересен факт е дека и покрај неоспорното европско и азиско влијание, видовите кукли со кои кукларите од предколонијална Африка ги користеле се меѓу најкористените кај нивните наследници во денешницата. За разлика од видовите на кукли, религиозното ритуално значење во својата строга смисла, конкретно во Јужна Африка е речиси непостоечко, особено во големите градови, но истото е зачувано во контекст на симболизам, односно како сегмент на искажување порака во претстава со друга тематика. Куклениот театар во Јужна Африка денес е особено познат по своите политичко-општествени пораки, важи за една од главните алатки за едукација на децата, застапено е на локалните телевизии повеќе и од многу развиени земји, а честопати е и средство за забава, како на сликата погоре.

Кукларството за време на колонијалните времиња

Првата одиграна куклена претстава на тло на Јужна Африка била куклена претстава со сенки од страна на француска трупа на 12ти август 1800г. Пет години подоцна, следело уште гостување на истата трупа и оттогаш кукларството и куклениот театар во Јужна Африка започнале да се развиваат. Гостувања од Германија, Франција, Англија и Италија се случувале се почесто, а наскоро се започнало и со претстави од домашни уметници. Станува збор за претстави прилично слични на оние во тогашна Европа, без влијание на културата на Јужноафриканците, меѓутоа истите имаат допринесето за симбиозата на култури која го одликува денешниот јужноафрички театар. Како што растел интересот за кукли во земјата, дошло и до создавање на првата куклена театарска куќа – „Марионетите на Пен“. За жал, оваа театарска куќа повеќе не постои, и голем дел од податоците за нивното творештво е исчезнато. Она што се знае е дека е основана од страна на професионалниот куклар Хенри Пен и дека во 1863г. имале изведби на своите претстави на повеќе значајни настани, како што се саемот „Фејни“ и свадбата на Принцот од Велс во Кејптаун.

Во 30тите години од минатиот век, бројот на домашни куклени претстави се зголемил. Најзаслужна за тоа е Естел ван дер Мерве, која врз основа на расказите на јужноафричко-холандскиот автор Хонибал креирала претстави за своите кукли изработени од дрво. Квалитетот на куклениот театар во земјата се подигнал кога професионални скулптори како Фрида Олеманс, и сценографи како Јон Дронафилд, започнале активно да се бават со куклен театар. За првпат по обидот на Хенри Пен започнале да се отвараат театарски куќи и продукции за куклени претстави. Во Јоханесбург во 1941г., канадската кукларка-аниматорка Марион Бич го основала театарот „Канамес Марионети“, додека во Кејптаун во 1951г. Кит Андерсон ја започнал својата долготрајна кариера во светот на куклениот театар со отварањето на театарска куќа наречена „Пелхам Папетс“. 50тите години го вратиле и трендот на гостување на големи европски кукларски имиња на територијата на Јужна Африка, но овојпат освен гостувања, биле организирани работилници и обуки за идните куклари од Јужна Африка.

Едно од најважните имиња во јужноафричкиот куклен театар е Џон Рајт. Иако во Јужна Африка се бавел со кукларство само пет години (1941 – 1946), а потоа се сели во Лондон, каде што го основа куклениот театар „Литл Ејнџл Марионет“. Но и покрај овој краток период, Рајт се смета за татко на модерниот куклен театар во Јужна Африка, и не само затоа што за тие пет години успеал да регрутира огромен број на куклари, или затоа што поврзал голем број на јужноафрички куклари меѓусебно, ниту пак затоа што е еден од најзаслужните за враќањето на интересот на европските куклари во Јужна Африка, туку затоа што тој е првиот што се решил на чекорот да ги искомбинира европскиот и традиционалниот афрички куклен театар. Текстовите на неговите претстави честопати биле инспирирани од стари афрички приказни, но успевал во режијата да вметне и дел од европското влијание кое што веќе повеќе од еден век било и главен поим за куклен театар на територијата на оваа земја. Неговите куклени претстави гостувале насекаде по Јужна Африка, но и во над петнаесет други афрички земји, како што Зимбабве, Замбија, Лесото, Есватини, Танзанија, Боцвана итн.

*Џон Рајт, таткото на модерниот јужноафрички куклен театар

Кукларството и куклениот театар во независна Јужна Африка

По стекнување на целосна независност и оттргнување од било какво европско политичко или економско влијание во 1961г., Јужноафричката Република била подготвена да започне да го создава својот печат на полето на уметноста, вклучително и на полето на кукларството и куклениот театар. Она што го започнал Џон Рајт, во однос на симбиоза од европски и класичен афрички куклен театар, но и соработка со голем број на куклари од Африка, Европа и Азија продолжила и натаму, и Јужна Африка за некоја деценија успеала да се наметне како водечка земја во регионот на полето на куклен театар. Во 1968г. дел од овие странски гости отвориле и куклен театар во состав на Државниот театар во Јоханесбург, кој работел до 1986г. и за тоа време создал преку 20 куклени претстави, но и обучил огромен број куклари од Јужна Африка.

Кога се зборува овој период од јужноафричките кукларство и куклен театар, не може а да не се спомене Гави де Вет, првиот професионален куклар-аниматор во 20тиот век во Јужна Африка со црна боја на кожата. Израснат на фарма за овци на планинскиот венец Кару, каде што неговите родители работеле, љубовта кон кукларството му ја внел татко му, кој во слободно време изработувал кукли и ги забавувал своите деца. Грубите, аматерски сработените кукли биле доволни за детската фантазија на Гави и со сеуште неполни десет години, тој веќе знаел да ги анимира, дел од нив дури и само со сопствените прсти на нозете. Неговата техника и талент за раскажување приказни наскоро го направило локална ѕвезда и гостувал по голем број училишни приредби, карневали и општински настани во целата околина. Де Вет научил и да свири на гитара за збогатување на својот и онака интересен репертоар, а откако во 1930г. имал шанса за првпат да погледне изведба од куклениот театар за Џуди и Панч, англиските куклени миленици, започнал и да пишува и сопствени текстови. Неговата професионална кариера започнала во 1950г., неколку години пред независноста, но бил активен до неговата смрп во 1994г. Во 60тите години заминал во Минхен, Германија да го надогради своето знаење, и по завршувањето на студиите, и инспириран оттаму, организира огромен број на детски работилници за кукли во училиштата. Една од главните, ако не и најглавна причина за застапеноста на изработка на кукли во основното и средно образование во Јужна Африка (изработката на кукли е задолжителен сегмент во состав на часовите по ликовна уметност) е Де Вет. За жал, од здравствени причини, во 1982г. морал да прекине да се бави со оваа благородна задача, но тоа не го спречило да продолжи да им ја прикажува на публиката магијата на куклениот театар, и тој и неговата сопруга Роза, правеле турнеи низ цела Јужна Африка се до 1991г. Освен тоа, тој продолжил да посетува и други курсеви и работилници во Европа (особено во Германија) и усно да го пренесува знаењето на своите сонародници. Меѓутоа, неговата здравствена состојба константно се влошувала и во 1994г. животот на легендарниот и харизматичен Гави де Вет згаснал. Меѓутоа неговото наследство е сеуште со Јужноафричките љубители на куклен театар и живее во претставите на сите куклари во кој тој дал еден здив од своето знаење.

Лили Херцберг е првата Јужноафриканка која воспоставила контакт со Здружението УНИМА во 1969г. и заминува на тригодишен пат низ Европа. По нејзиното враќање во Ј. Африка, Херцберг, инспирирана од куклениот театар во Источна Европа, ги воведува марионетите со стап манипулирани одоздола во Јужноафричкиот театар, и тоа во сопствениот ново-отворен куклен театар „Папет Спејс“ во состав на „Кејптаун Спејс“ театарот во 1972г., каде што подоцна екпериментирала и со куклен театар на сенки и техники со папети. Подоцна пораснала и во одличен драматург за куклени претстави, и нејзините пиеси разработувале локални теми на едноставен, но ефективен начин. Нејзиниот „Папет Спејс“ е првиот театар во Ј. Африка што го има скршено тогаш расистичкиот систем на Ј. Африка, односно таму за првпат во историјата на земјата куклари-аниматори со различна боја на кожа настапуваат во иста претстава.

Во 1981г., група млади дипломирани уметници го формираат куклениот театар „Хендспринг“ во Кејптаун, и набргу почнуваат со турнеи низ земјата изведувајќи оригинални куклени претстави за деца. По релоцирањето во Јоханесбург во 1986г., започнуваат да се бават и со куклен театар за возрасни, први во земјата кои го имаат воведено овој подвид на куклен театар, соработувајќи со режисери од класичен театар, но во ниеден период не забораваат да ја израдуваат својата првобитна и најбитна публика – децата, со нови претстави. Од 1991г. во соработка со режисерот Вилијам Кентриџ, создаваат претстави кои најмногу го создаваат препознатливиот печат на денешниот куклен театар во Јужна Африка. Претставите „Војцек на Хајвелд“, „Фауст во Африка“ и „Убу и Комисијата на вистината“ се сметаат за вистински класици во однос на куклениот театар и ги полнеле салите насекаде низ светот, а дел од нив и сеуште се на репертоарот. Во време кога интернационалните гостувања биле намалени заради тешката политичка ситуација во земјата, „Хендспринг“ ансамблот претставувал една од водечките сили за зачувување, но и унапредување на јужноафричкиот куклен театар, упорно претставувајќи нови форми, особено во своите куклени претстави за возрасни, и театарот сеуште претставува водечки куклен театар во земјата и регионот.

*сцена од „Убу и Комисијата на вистината“ во продукција на „Хендспринг“ театарот, која комбинира куклен со класичен театар

Она што е специфично за куклите во Ј. Африка е колку истите се застапени на локалните телевизии. Тренд што започнува во средина на 70тите и трае до денес, телевизиските куклени перформанси во неколку наврати биле токму она што помогнало на јужноафричките куклари да опстојат во времиња кога бројот на куклари кои можеле да живеат од професијата во куклен театар била сведена речиси на нула. Некои од најпопуларните ликови кукли пред малите екрани се Хасел Дас, Карел Краи, Сарел морското чудовиште, Бени Букворм и Ливе Хекси со нејзините пријатели. Огромен број на телевизиски продукции имаат создадено оригинални куклени ТВ серијали и филмови, дел од нив се „Лес Субклеве“, „Радио Буза“, „Адунс-хуле“ и “Маримба“. Сепак најистакната личност во куклените ТВ серијали е Луис Смит, која со својата независна продукциска куќа има создадено безброј серијали, кои заедно бројат над 3000 епизоди куклен серијал за деца, на речиси сите официјални јазици во Ј. Африка

Политичките и образовните функции на куклениот театар во Јужна Африка и неговата застапеност во денешната поп-култура и секојдневие

Како во многу земји низ светот, куклениот театар во Јужна Африка честопати се користел како средство за искажување политичка порака. Ова особено дошло до израз за време на политичката состојба во 80тите и 90тите години од минатиот век, кога политичките куклени претстави со тематика на завршување на расната поделба ги преплавиле театрите низ земјата.

Во многу наврати, јужноафричкиот куклен театар го користел својот глас за да ги едуцира луѓето за општествени прашања. Маргарет Ауербах уште од 70тите години на минатиот век создавала куклени претстави за деца со феминистичка порака. ТВ серијалот „Папет Избори ‘94“ со кукли во стилот на „Мапет шоу“ нудела корисни информации за правата и обврските на граѓаните во врска со гласањето на изборите, а во забавниот дел, правела смешно интервју на тогашните кандидати, вклучително и на идниот претседател Нелсон Мендела. Гари Фридман, основачот на куклениот театар „Ројал Папет“ особено се истакнал со уличната куклена претстава „Панс и Диди – куклите против апартхејдот“ во 1983г. и тоа го означува неговиот почеток како промотер на кукларството како општествено-образовна алатка, држејќи безброј работилници за деца низ земјата и светот на теми како семејно насилство и сексуална злоупотреба. Сепак највпечатлива е неговата работа од средината на 2000тите години, кога започнува програма на рехабилитација на затвореници меѓу 18 и 24 години користејќи кукли. Обуката за изработка и анимирање на кукли ја има искомбинирано со актерски техники и психолошко-терапевтски разговори во осумнеделна програма. За завршеток на претставата, затворениците подготвуваат неколку куклени претстави. Претставите се извлечени од лични искуства на затворениците за времето поминато во затвор, и тешките теми како затворско силување, психологијата на заробеност и законите на суровиот затворски систем се прикажуваат на начин кој е истовремено и лесен и терапевтски за нив. Програмата важи за екстремно успешна и се забележани драстични подобрувања во рехабилитацијата на затворениците кои земале учество во истата.

  *Гари Фридман на една од неговите детски работилници

Куклите се застапени и во образовниот систем на земјата, каде што се користат како предмет за учење, но и алат за образување на децата во основните и средните училишта. Имено, се повеќе учители низ земјата вклучуваат кукли во своите предавања, а не се непознати ни гостувања во кои децата се образуваат на теми надвор од образовната програма, како што се триото кукларки Жаклин Домис, Кети Доџерс и веќе споменатата Маргарет Ауербах, кои низ училиштата во Кејптаун имаат играно претстави со кои ги едуцирале децата за јужноафричката култура, но и културите на племињата во Америка и Абориџините, преку легенди и приказни од соодветната култура. Како што веќе споменавме, децата имаат можност и да учат кукларство во училиштата, и тоа во склоп на предметот Ликовна уметност, а определени училишта кои поседуваат соодветен кадар, постои и изборен предмет Кукли, на кој се усовршува занаетот на креирање кукли, но и се обработуваат некои основни техники на анимација на истите.

Во однос на културолошкото влијание на куклениот театар, Фестивалот за куклен театар „Надвор од кутијата“ кој започнал да се прикажува во 2005г. во организација на Жани Јунге со помош на УНИМА Јужна Африка. Фестивал кој промовира различност во претставите кои ги прикажува, со уметници Јужна Африка, но и многу земји од регионот, ги има успешно лансирано кариерите на кукларите Роџер Титли, Ханси Версажи, Хилет Штапелберг, Крег Лео и др., но и на актерите-аниматори Буси Зокуфа, Џејсон Подгитер, Марти Кинту, Тали Кервати, Чума Сопотела и многу други. „Надвор од кутијата“ важи за најугледен фестивал за куклени претстави на територијата на цела Африка и веќе започнува да привлекува гости од целата планета.

Една од најспецифичните нешта за Јужноафриканците е застапеноста на куклени перформанси во поп-културата и секојдневието. На јужноафричките емисии во потрага по талент, редовно се изведуваат куклени перформанси од професионални и аматерски куклари-аниматори со кукли од различни видови (папети, марионети итн.). Светското фудбалско првенство во 2010г. оддржано во Јужна Африка беше исполнето со кукли-марионети за забава на навивачите, а свеченото отворање ја има значајно покренато заинтересираноста за џиновските кукли и се повеќе аматерски куклари истите ги изработуваат и изведуваат улични изведби со нив. И доколку направиме една ретроспектива, можеби токму оваа фасцинација со куклите кај обичниот народ е она што е главно обележје на куклениот театар во Јужна Африка. Слично како што уметничките достигнувања на Гави де Вет поттекнуваат од детската радост гледајќи го татко си како ги анимира лошо изработените кукли без особена развиена актерска вештина, може да се каже дека не е неочекувано за неколку години од сега Јужна Африка ќе го израдува светот со маестрален куклар-аниматор на џиновски кукли. Никој не очекува помалку од земја во која професионалните, едукативните и аматерските куклени театри се испреплетени до совршенство – и покрај очигледните разлики меѓу сите три, сеуште може да се забележи и некоја нишка на заедничка ДНК.

X