ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ

Полска

Почетоците, првите куклари и гостувањата на странски куклари

Полска денес е една од водечките земји во Европа по развиени кукларство и куклен театар. Во земјата има неколку професионални куклени театри, безброј куклари и улични аниматори, а според многумина е лидер во однос на развиен куклен театар за возрасни. Првите докази за постоење на куклен театар во Полска се од 15ти век, што е значително пократок период во однос на други земји, но доволно време за куклениот театар да стане неизбежен дел од полската култура. Низ вековите истиот се борел со многу подеми и падови, цензури, неможност за креирање поради странски окупации и сл., но тој секогаш успевал да се прероди од пепелта и уште повеќе да навлезе во срцата на полската публика.

Како што веќе напоменавме, почетокот на полскиот куклен театар датира од 15тиот век и започнува со кукларот Вашко од градот Вилнус. Тој патувал со група патувачки трговци и приредувал улични куклени претстави низ цела Полска. Иако во Полска кукларството било развиено уште два века претходно, ова е Вашко е првиот (или барем првиот за кои постојат документи) кој всушност и изведувал куклени претстави, и бил првиот Полјак во групата на патувачките куклари-аниматори од словенските народи кои го забавувале народот во својата земја со куклени претстави или перформанси. Оваа традиција продолжила и се раширила и низ 16тиот век, а доказ за ова се писмата на неколку полски писатели од периодот кои во своите приватни писма говорат за патувачките куклари-аниматори. Од истите можат да се извлечат некои делумни информации за тоа како изгледале претставите. Повеќето од претставите биле комични, сижето, текстот (доколку го имало), па дури и појавата на самите кукли извлекувале насмевка кај публиката. Не се знае точно за каков тип на кукли станувало збор, иако определени критичари претпоставуваат дека станувало збор за некоја варијанта на марионети. Она што е интересно е дека дел од патувачките куклари-аниматори ги комбинирале куклените претстави со жонглирање, што во секој случај претставува интересна комбинација на две улични уметности.

Во втората половина на 17тиот век и првата половина на 18ти век, под влијание на христијанството кое било доста големо тој период во Полска, во неколку други градови почнале да се создаваат сцени од раѓањето на Христос, наречени „шобка“ (szobka на полски). Генерално станува збор за претстави со однапред строга определена приказна, која не остава многу простор за импровизација, меѓутоа имало куклари и аниматори кои успеале и покрај тоа да остават свој печат, за што говори и фактот дека во Полска до денес се создаваат вакви куклени претстави. Освен во Полска, овој тип куклен театар е доста развиен и во Украина, а го има и низ други земји во светот, како што се Франција, Италија, Белгија, Русија, повеќето земји во Латинска Америка, а во Чешка и Словачка постои варијанта на истиот која е поотворена во однос на промени.

*Кукли и сценографија за „шопка“ куклена претстава во денешна Полска

Иако овој тип на куклените претстави бил најзастапен во ерата на силното христијанско влијание, и други типови на куклен театар се создавал и развивал. Најтипичен пример за ова се кукларите од градот Гдањск, кои создаваат куклена комедија која постигнува огромна популарност во Полска, но и низ цела Европа. Голем број на аристократски семејства низ континентот ги повикувале кукларите од Гдањск да изведуваат куклени претстави на нивните приватни забави, особено семејството Јакуповски од Русија или Феликс Кински од Шпанија. Истовремено, Полска станува станица за голем број на странски куклари. Оваа традиција започнала малку порано, на почетокот на 16ти век (1506г.) кога италијанскиот куклар наречен Господарот на сите светци го претставил својот „Кабинет со фигури“ на полската публиката. Бројот на странски гостувања само растел оттогаш, воглавно се изведувале митски претстави и опера, а дел од највпечатливите, како Јохан Петер Хилвердинг, Даниел Ернест Каркеус, и големиот број на англиски куклари италијански комедија дел арте актери влијаеле на револуцијата која следела во полскиот куклен театар во средината на 18ти век.

Првите подем и пад, однсно ренесанса на полскиот куклен театар

Популарноста на странските гостувања на куклени претстави ја покренала иницијативата за понатамошно развивање на полскиот куклен театар, особено на куклените лирски претстави и на куклените опери. Се појавиле трупи кои ги промовирале токму овие жанрови, и кои се издвоиле не само по различниот жанр, туку и по богатите сценографии, раскошните костими и префинет дизајн на куклите. Полските аристократски фамилии, слично на оние од Европа, почнале да ги викаат овие изведувачи на своите приватни забави, а дел од нив потоа решаваат да ги основаат и првите институции специјализирани за куклен театар. Некои од најпознатите се куклените театри основани во Бјала Подласка и Шлук од страна на Принц Хјероним Раџивил, театарот во Нишвиж основан од Принц Михал Раџивил и театарот во Бјалишток основан од страна на воениот командант Јан Клеменс Браницки. Дел од овие куклени театри постојат до денес.

Кулминацијата во развивањето на полскиот куклен театар стигнала дури еден век подоцна, за време на владеењето на последниот полски крал Август Поњатовски, кој бил голем љубител на уметноста и станал познат по своите големи донации за сите уметности во Полска, вклучително и кукларството и куклениот театар. Во овој период, бројот на куклени претстави, но и на улични куклени перформанси во Полска се зголемил за повеќе од двапати. Како најистакнат куклар од периодот се издвоил полскиот Германец Герард Бреслер. Неговите перформанси се состоеле од една претстава во која главна улога играла комичната кукла Пимперле, кој се трансформирал во различни улоги и костими, а потоа комична едночинка која завршувала со огномет или пак со музички перформанс изведен од фамилијата на Бреслер. Бреслер самиот ги пишувал и режирал пиесите. Друг доста истакнат куклар-аниматор бил Барани Кожушчек, кој се издвоил по своите претстави со патриотска содржина. Полска во овој период била константно освојувана од страна на Русија, Прусија и Австрија, и Кожушчек бил оној што практично го вовел политичкиот куклен театар во Полска, а неговите претстави биле барани меѓу патриотските кругови во Варшава.

*„Полските кукли“ од ликовниот уметник Јан Пјотр Норблин

Развивањето на театарот довело и до развивање и доведување на неопходните нови форми. Уметничката слика „ Полските кукли“ насликана на крајот на 18ти век прикажува дел од тогашните полски куклари-аниматори управувајќи со „марота“, тип на кукла што е најтипичен за африканските куклари (иако се јавува и во некои европски земји пред Полска). На почетокот на 19ти век, Театарот на хартија се внесува за првпат во Полска и набргу достигнува да ужива огромна популарност. Претстави од овој тип секојдневно се прикажувале низ поголемите градови, но и низ помалите места во земјата. Театрум мунди, познат и како Оптички куклен театар, кој користел механика за да постигне визуелни ефекти. Најпознати во овој тип на куклен театар биле Јордаки Купаренко, Антони Волски и Кристијан Чугмал. Во меѓувреме, повеќе полски, но и странски инвеститори почнале да отвораат куклени театри во Полска, од кој најмногу се издвоиле театрите на поранешниот воен генерал Јозеф Богачки во Краков, Театарот на марионети на француските браќа Денебек и Продукцијата за куклен театар во Варшава, која и покрај краткиот век, успеала да создаде неколку култни претстави.

И покрај големиот развиток на куклениот театар, кукларите и аниматорите се соочувале со огромен број предизвици и проблеми. Ограничувањата од страна на црквата, како забраната за користење музика или задолжителното завршување на претставата пред вечерната молитва, но и други препреки како задолжителниот данок кој кукларите и аниматорите биле должни да го исплаќаат на класичните театри, малку по малку довела до пад во продукцијата на куклен театар, а потоа и до благ заборав од страна на публиката. Само дел од странските куклари успевале да опстојат во големите градови. Другите куклари биле приморани да се преместат во помалите места или да се навратат на патувачкиот начин на живот, но и на постарите, тогаш малку подзаборавени форми на куклен театар. Така што и покрај намалената продукција, куклениот театар во Полска не изумрел, а претставите на Зигман и Жулички сведочеле за тоа, и падот на куклениот театар, на некој начин довел и до една негова лична ренесанса.

Полскиот куклен театар до и за време на Втората светска војна

Во почетокот на 20ти век, полскиот куклен театар сеуште бил отсутен од големите градови во Полска, што довело до критика од страна на тамошните интелектуалци. Набргу била увидена потребата за куклен театар, особено во областа за развојот на децата и тоа довело до неколку театри кои комбинирале куклен театар со магиски трикови и оптички илузии, но нивните претстави биле доста далеку од она што кукларите-аниматори пред нив го правеле. Исто така, таканаречена „сатирична шопка“, која всушност претставувала комедија која ги користела строгите правила на класичната „шопка“ започнала да се развива и станала популарен жанр во тогашните полски градови.

Дури по стекнувањето на независноста во 1918г., полскиот куклен театар бил подготвен за нов бран, со огромен број млади уметници кои се впуштале во создавањето куклени претстави без страв од неуспех и целосна посветеност. Стефан Полониј Полонски доживеал огромен успех со својата турнеја со својата театарска трупа „Минијатури“ од 1927-1939г. Варшава ја добила својата прва образовна програма за деца за куклари-аниматори под водство на познатиот режисер Јан Весловски во 1928г., а под влијание и големо заложување од страна на Јан Исидор Штаудингер, кукларите ја креираат првата Асоцијација на куклари од регионот на Голема Полска во Познан, 1938г., која подоцна истата година ќе ги отвори театрите „Син кловн“ и „Бал на куклите“. Штаудингер вложил длабоки напори да ги издвои кукларите-аниматори како посебна професија, во што честопати соработувал со Весловски. Тие и нивните следбеници успеале да отворат неколку театри, но за жал биле запрени од Втората светска војна. Сепак, нивното влијание продолжува брзо по завршетокот на истата.

Куклениот театар во Полска за време на Втората светска војна е интересен од причина што бил една од ретките уметности кои опстојувала за време на истата, и тоа најмногу поради причината што можел да биде користен како пропаганда. Иако има неколку официјални куклени театри што функционирале за време на војната, дел од нив под строги рестрикции, а дел од нив отворени од страна на германските власти со цел да ја шират нивната идеологија. Меѓутоа, во подземјето имало уште повеќе куклени претстави чија порака ја побивала претходно спомнатата идеологија, други кои ги оддржувале старите форми на полскиот куклен театар со сите негови специфики и трети кои служеле за забава на војниците од Отпорот. Дури и во затворите и концентрационите логори каде што биле затворени Полјаци или жители на Полска биле организирани куклени претстави. Ова говори за моќта на куклениот театар како можност да се искаже порака, но и една негова друга доблест – можност да се извлечеме за некое време од проблемите на секојдневието.

Полскиот куклен театар по Втората светска војна

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, голем број полски куклари решиле да го популаризираат куклениот театар со кој можеле да се бават само илегално за време на истата. Огромен број уметници основале приватни, дел професионални а дел полупрофесионални, куклени театри. Невозможно е да се набројат сите, но дел од нив биле:

  • Владислав и Зофија Јарема, пар кои го основале Театарот на Гротеската, долго време познат како Театарот на сликари, заради совршената, по малку иреална естетика на куклите, костимите и сценографијата, истиот театар експериментирал со голем број жанрови, а некои дури и важат за негова специјалност во Полска, како што е театарот на кукли и маски, како и големиот број на авантгардни претстави напишани од млади полски автори, голем дел од претставите се всушност наменети за возрасни, што е одлика на театарот и денес;
  • Хенрик Рил го отворил театарот Арлекин и го водел истиот до староста, во негово време се заземал за издигнување на куклениот театар, промовирал реализам, авантурски интриги и различни видови на експресија во куклениот театар, го вовел „театарот на предмети“ во Полска, всушност театар каде што нема класични кукли, туку обични предмети се користат како кукли, на пример шапка или кутија, потоа има отворено и школа за актери-аниматори во состав на самиот театар;
  • Јанина Килан-Станиславска го основала Куклениот театар „Замоци на небо“, прво во Самарканд, но набрзо го преместува во Варшава
  • Ирена Совицка го основа „Гуливер продукција“ во Варшава, и таа и Килан-Станиславска го означуваат враќањето на куклениот театар во полската престолнина;
  • Сликарите Јерци Зицман и Зенобуш Зволски го основаат театарот „Бањалука“ во Бјелско-бала, еден од ретките театри кој се придржувал до традиционалните полски форми на куклен театар, како што правеле првите патувачки куклари-аниматори, а истовремено воведувајќи и голем број на нови форми во Полска, односно претстави во кои актерот е партнер на куклата, експериментални претстави со театар на дланките, односно театар каде што деловите од дланката (обично прстите) се куклата, или таканаречениот поетски театар, комбинацијата на традиционални и нови експериментални претстави им донела заслужено право да го организираат еден од најпознатите куклени театарски фестивали во Европа, на кој само во 1972г. биле прикажани 250 куклени претстави од 40 земји;
  • Олга и Ева Тотвен го основале театарот „Минијатура“ во Вилнус, во кој биле зачувани куклените претстави со христијански пораки, но со прецизност и уметност што никогаш претходно не била видена и долго време тоа бил нивниот препознатлив знак, иако понатаму театарот почнува да експериментира и со други жанрови;
  • Брачниот пар Калиновиц во Вроклав го основаат Театарот „Гном“, кој две децении подоцна прерастува во „Куклен театар Вроклав“, театар кој и денес е познат по својата Мала сцена, на која се прикажуваат куклени претстави за возрасни, во кои особено се издвојува храброста да се прикажуваат претстави кои разработуваат тешки тематики, како што се „Ричард Трети“ од Шекспир, „Процес“ од Кафка, „Гете“ од Фауст“, „Мементо на вистината“ од Гарсија Лорка, „Опера за три пени“ од Брехт, „Селестина“ од Де Рохас и сл., и е најголем доказ дека куклениот театар е уметност достојна на класичниот театар, операта и балетот; слично како случајот со „Арлекин“, во состав на „Куклен театар Вроклав“ има Академија за актери за куклен театар
  • голем број на други театри, од кои дел сеуште функционираат денес.

*театарскиот режисер Јан Вилковски

Набргу по отворањето на овие куклени театри во тек на доцните 1940ти, чиј број изнесувал повеќе од 70, морале да доживеат брза промена во 1950г. од приватни во државни институции поради социјалистичкото уредување во земјата. Поради отежнатите услови за одобрување на претстава и потребната согласност од полското Министерство за култура за одобрување на директор на театарот, дваесет години подоцна, односно во 1970г. бројот на куклени театри во Полска паднал на само 27. Но и покрај отежната работа и бирократија, полските куклени театри се бореле и продолжувале да го градат својот сопствен печат. Режисерот Јан Вилковски и сценографот Адам Килиан ја создале куклената претстава „Како земјопоседникот од Татра влегол во Рајот“ што бил првиот поголем интернационален успех за Полска на полето на куклениот театар, по што следеле голем број успеси и развивања на куклениот театар.

И покрај политичките ограничувања и малиот буџет за создавање претстави, полскиот куклен театар растел до степен што секоја нова деценија на 20тиот век носела нова генерација на создавачи на куклен театар. 60тите се одликувале пред се со одлична режија и визуелно атрактивна сценографија, и се појавиле многу тимови од режисер и сценограф кои редовно соработувале, од кои најпознати биле веќе споменатите Вилковски и Килиан. 70тите се одликувале со големиот број на актери-аниматори што започнале да се бават со режија и сценографија за куклен театар, што довело до сосема нова естетика на куклените сцени. 80тите ја преземале техниката искористена за првпат во 50тите во театарот „Бањалука“, односно актерот-аниматор да е на сцена напред заедно со куклите, и ова е тренд што опстојува во куклениот театар и денес. 90тите пак, се поврзани со повторната појава на мали приватни куклени театри, кои по промената на политичко-економскиот систем, повторно биле дозволени. Овие театри се состојат од мали ансамбли, а некогаш и само еден актер-аниматор и поради тоа немаат богат репертоар како театрите што биле или сеуште се државни, но ја збогатуваат и онака веќе развиена куклена сцена во Полска. Важно е да се напоменат и Театарот за деца на областа Заглебје, кој особено под водството на Јан Дорман, се здобил како театар кој е најмногу склон кон експериментирање, и „Куклениот театар Бјалисток“, кој во 70тите и 80тите бил рамо до рамо, не само во продукција на квалитетни претстави и за деца и за возрасни, туку и по квалитетот на актерите кои дипломирале на академиите во склоп на истите театри. И двата театри сеуште се меѓу врвните театри за куклени претстави во Полска и пошироко.

Хенрик Јурковски е причината што полскиот куклен театар важи за светски. Тој уште од средината на 60тите се заложувал за соработка на кукларите низ целиот свет, бил активен промотер на Интернационалното здружение на куклари УНИМА и подржувал организација на голем број интернационални фестивали за куклен театар во Полска, како и гостувања на полските куклени театри на фестивали во странство. Ова овозможило земјите да учат едни од други, што било навистина паметно искористено од полските куклени театри. Освен тоа, тоа ја ставило Полска на мапата на Европа како земја со најмногу театарски, преку дваесет кои биле познати, дел од нив – фестивалите во Ополе, Бјелско-Бала, Бјалсток, Лублин, Варшава и многу други.

*Хенрик Јурковски

Не се непознати ни артисти кои комбинирале т.н. „жив театар“ со елементи од куклен театар. Најистакнат меѓу нив е Тадеуш Кантор, за чие творештво не е доволна ни цела книга. Неговиот „Театар на Смртта“ е сосема нов правец во уметноста, во кој живото и неживото коегзистираат, а смртта е подобра од вредностите на конзумирачкото општество. Неговата естетика најмногу би можела да се опише како спој на конструктуизмот и надреализмот, иако ова е прилично плитка и нецелосна дефиниција. Како главна инспирација го има посочено британскиот артист Едвард Гордон Крег, и иако имаат некои заеднички елементи, станува збор за два сосема различни света, иако подеднакво генијални. Во повеќето негови претстави, актерите се во исто време и неживи, вклучително и неговата најпозната претстава „Мртва класа“, која според многу критичари важи за најдобра претстава на сите времиња. Сепак, претстава во која Кантор најкреативно ги има искористено елементите на куклениот театар е „Машината на љубовта и смртта“, во која ликовите се анимирани од актери, а вештерките се играни од огромни машини, што е симбол за општеството кое го гази човекот и човештвото низ векови историја.

*Култниот полски уметник Тадеуш Кантор

Крајни зборови

Полска е земја во која кукларите, актерите-аниматори и сите уметници кои сакале да се бават со куклен театар, наоѓале начин да го остварат својот сон. Од самите почетоци на патувачки куклари, преку брзиот и ненадеен подем, но подеднакво брз и ненадеен пад, под окупација на странски кралства, со тешки цензури од прво од Црквата, а потоа од социјализмот, па дури и во илегални претстави во подземјето во тек на Втората светска војна, овие уметници се бореле за да творат, да го доближат куклениот театар до публиката и да направат истата да го засака. Од гротесните комедии до традиционалните „шопки“, од едукативните претстави за деца, до крајно провокативните перформанси за возрасни, кои секојдневно ги полнат салите и денес во Полска, со константно создавање на нови форми, но и борба за оддржување на старите, со безброј соработки со други земји и домашни и интернационални фестивали за куклен театар, Полјаците ја користеле куклата како забава за обичниот народ, украс на богаташките забави, алатка за изразување политичка критика, средство за надминување на сопствените граници во креативноста, но пред се, како складиште на еден дел од нивната душа, и заради тоа можеме да кажеме дека куклата во Полска навистина живее.

Првите подем и пад, однoсно ренесанса на полскиот куклен театар

X