Драги читатели,

Целта на страната kukla.mk е да го развие домашниот куклен театар, преку соединување на сите податоци за истиот на едно единствено место, да даде подетален приказ на јавноста за уметниците кои се бавеле и бават со истиот, како и константно да ги информира читателите со новостите на куклената сцена. Меѓутоа, земајќи ги предвид можностите кои кукларството и куклениот театар низ светот ги нудат, сметавме дека би било убаво во кратки црти со истите да ја запознаеме македонската публика. Во оваа категорија редовно ќе се објавуваат прегледи за различни земји од куклените сцени ширум светот, од специфичните куклени театри на Далечниот Исток до кукларството на староиндијанските племиња на Западот. Се надеваме дека истите ќе побудат желба и инспирација кај голем дел македонски уметници кои би сакале кукларството и куклениот театар да им бидат дел од животот.

Со почит,

Уметничко истражувачки колектив на kukla.mk

X