Почитувани,

Екипата на kukla.mk е културно-истражувачки колектив, чија цел е да ги собере и прикаже сите податоци за кукли и куклен театар во Македонија и во светот, со цел за информирање на читателите и развивање на поголем интерес за истиот кај нас. Доколку сметате дека поседувате информации кои би било убаво да ги објавиме, фотографии од стари куклени претстави, рецензии за куклени претстави во земјава, податоци за стари театарски кукли и сл., слободно исконтактирајте не на официјалните мејл адреси: [email protected] или [email protected].

На оваа веб страница, ќе ги објавуваме сите податоци за куклениот театар кај нас и насекаде низ светот, фокусирајќи се на сите негови сфери – професионална, аматерска, улична, образовна и сл. Куклениот театар во Македонија поминувал низ сито и решето, честопати и неправедно сметан за понизок слој на уметност, и покрај напорите на многу наши уметници низ годините да ја покажат неговата вредност, тој сеуште биднува запоставен. Од почетоците со премиерата на „Силјан штркот шанца“ во МНТ во 1946г., преку куклените претстави во Драмски театар Скопје, до отворањето на Театарот за деца и младинци и неговата Куклена сцена, ние, екипата на kukla.mk, сакаме да дадеме еден долг аплауз за сите минати и сегашни уметници во земјава, кои и покрај овие стереотипи, се бавеле и продолжуваат да се бават со оваа специфична уметност, која истовремено е и ликовна и театарска. Сето тоа во комбинација со информации за голем број куклени театри низ светов, од најстарите што сеуште опстојуваат до авантгардните новитети денес во многу различни култури, со една единствена цел – да создадеме поголем интерес за куклениот театар и подобро утре за новите генерации творци на оваа уметност во Македонија и негово поголемо вклучување во образованието и секојдневието кај нас.

Со почит,

Уметничко-истражувачки Колектив на kukla.mk

X